Скопското обвинителство отвори предмет за Латас и Лазаров

by fokus

Скопското обвинителство отвори предмет по интервјуто на Стефан Лазаров со Драган Павловиќ -Латас, кој во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“.

-До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки, ни одговорија од Скопското обвинителство.

Претходно Лазаров се огласи со реакција. Тој не гледа ништо спорно во тоа што се зборуваше на неговиот подкаст и начинот на кој тој и неговиот гостин зборуваа за сексуалниот чин и третирањето на жената. Според него, живееме во држава во кој се чека момент да се уништи некој и дека нема проблем со тоа, но да прифати дека е поддржувач на силување немало никогаш.

В.В.

Поврзани новости