512
Од ЕВН Македонија информираа дека поради реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа, во недела од 04:00 до 07:00 ч. наутро, без снабдување со електрична енергија ќе останат скопскиот аеродром и уште десетина околни населби.
– Без електрична енергија ќе бидат индустриска зона Чојлија, аеродром Александар Македонски и објектите околу него, населено место Идзирово, Јурумлери, Мралино, Дрма, Огњанци, Ржаничино, Чифлик, средно, долно и горно Коњаре, Катланово, Дивље, Сушица, Бадар, Тотинци, Летевци, Кожле, Градманци, Летевци, Дељадровци, Миладиновци, Теќија, се вели во соопштението од ЕВН.