Скопски маратон ќе се трча по 18-ти пат

by fokus

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18-то по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.

Овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе биде на 2-ри октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30-ти август добиваат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022.

Секој учесник по завршување на маратонот на својата емаил адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката– HalkEco Скопје трча 10KM.

В.К.

Поврзани новости