Скопската зоолошка за прв пат доби алапаки, стигнаа и двогрби камили

by fokus

Скопје Зоо за првпат има алапаки, а заедно со нив стигнаа и двогрби камили. Директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски соопшти дека животните пристигнале попладнево од Чешка.

-Да, попладнево со транспорт од Чешка пристигнаа 3 алпаки и 2 камили. Алпаките се јужноамерикански животни , живеат во Чиле, Перу, Боливија, на Андите и се прилагодени и на високи и ниски температури. Вистинска атракција се во сите светски зоолошки. Камилите се двогрби. Уште кога ме назначија ветивме дека мора да донесеме, изјави директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски.

Поврзани новости