Скопската зоолошка добива јато африкански пингвини

by fokus
Наскоро Скопската зоолошка градина ќе биде збогатена со јато африкански пингвини. Ова го потврди директорот Ѓорѓи Галетановски, кој информира дека изградбата на живеалиштето е во завршна фаза.
-Живеалиштето е при крај. Со поддршка на Град Скопје го забрзавме и направивме според сите светски стандарди за да ги добиеме овие ретки птици. Вчера од секторот за меѓународни односи ми потврдија дека од Лондон добиваме јато африкански black footed пингвини кои се ретки и атрактивни и ќе бидат вистинска радост за децата, вели Галетановски.

 

Поврзани новости