Скопје утрово на петтото место по загаденост во светот

by Fokus

Скопје утрово е најзагаден град во Европа според податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“.

Скопје се наоѓа на 5. место на листата со индекс на загаденост од 165.

Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.

Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките, чија концентрација е 74,9 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 84,5 микрограми на кубен метар.

Според упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 15 пати поголема од годишната вредност.

Највисока загаденост утрово е регистрирана на мерното место во Лисиче, а потоа е кај Ректорат и во Гази Баба.

Во првите десет најзагадени градови единствен од Европа освен Скопје е Приштина која се наоѓа на 6. место со индекс на загаденост 160. Прв на листата на најзагадени градови во светот е Лахор во Пакистан, а потоа следуваат Делхи во Индија и Ханои во Виетнам. На 4. место е Чонгкинг во Кина, а по него е Скопје.

Изминатиот период Скопје речиси секој ден е во првата десетка на најзагадени градови во светот. Во петокот вечерта беше и на прво место со индекс на загаденост од 263, а концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град, според упатството за квалитетот на воздухот на СЗО, беше 37,7 пати поголема од годишната вредност.

Поврзани новости