131
За новогодишното украсување на Скопје најавено од актуелната градоначалничка Данела Арсовска, со свој коментар на Фејсбук се огласи поранешниот градоначалник на македонската метропола, Петре Шилегов. Тој направи споредба со украсувањето во 2019 година, кога тој беше градски татко.
– Ретко ги коментирам состојбите во Скопје, иако многу често и тоа како имам што да кажам. Но, после повеќе од 1.000 примени пораки, едноставно, морам да прокоментирам. На фотографијава е Скопје 2019/20. Споредено со Лондон. Темнината што сега не опкружува, на свој начин, сепак е наш, личен избор – напиша меѓудругото Шилегов.