Скопје повторно почнува да се гуши од загадениот воздух. Мерните станици во скопските општини Карпош и Лисиче вечерва покажуваат многу високо ниво на загадување на воздухот каде што се чувстува смрдеа на запалено. Канцерогените ПМ10-честички во Карпош вечерва достигнаа 222 микрограми на еден кубен метар, а во Лисиче 229 што е за речиси пет пати повеќе од дозволените 50 микрограми на метар кубен.
Многу високо ниво е измерено и на ПМ2,5 честичките каде во Карпош достигнаа 180 микрограми на кубен метар што е за 9 пати повеќе од дозволените 20 микрограми. Во Центар нивото на овие честички вечерва достигна 90 микрограми.
Високо ниво на аерозагадување има во Центар каде што се измерени 133 микрограми на кубен метар, на мерната станица Ректорат измерени се 113 микрограми, во Битола каде мерната станица покажува 106 микрограми, во Кичево 151, во Тетово 105 и во Кавадарци 158 микрограми на кубен метар.