Скопје синоќа се задуши, шести најзагаден град во светот

by fokus

Скопје синоќа беше многу загадено се смести на шестото место на листата на најзагадени градови на планетата, според глобалната апликација „Ер вижуал“.

Нашиот главен град синоќа беше во друштво на градови како Лахор во Пакистан, Пекинг и Ченгду во Кина и индиската метропола Њу Делхи. Индексот го сочинуваат вредности од канцерогените пм10 честички, јаглерод моноксид, натриум диоксид и озон, па според овие параметри, „Ер вижуал“ за Скопје покажа вредност од огромни 160.

Мерната станица кај Ректорат беше најзагадена со 240 пм10 честички на кубен метар, што е петпати над дозволеното.

Поврзани новости