Скопје се симна од листата на топ-10 најзагадени градови во светот

by Фокус

Скопје во последниве неколку часови се симна од листата на топ-10 најзагадени градови во светот. Според листата на Ај кју ер, Скопје се наоѓа на 39 место и вредноста на ПМ 10 честичките изнесува 36. Воедно, Министерството за животна средина информира дека го прекинале алармот за загаденост во Струмица.

„Согласно податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух (ДАМСКАВ) од 9 јануари 2025 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 милиграми на метар кубен и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честичките е прекината во Струмица“, велат од таму.

Најзагадени градови во светот се Делхи во Индија, Каиро во Египет и Мумбаи во Индија. Во Европа, денеска Букурешт има најзагаден воздух и е на 16 место со вредност од 134 единици, далеку пред Милано во Италија и Киев во Украина, кои се на 39, односно на 41 место.

Поврзани новости