Скопје се опоравува по вчерашното невреме

by Fokus

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје денеска продолжија со интервенции за санација на оштетените латерни на семафорите од невремето што вчера го зафати градот.

Исправени се искривените латерни на семафорите пред Влада на крстосница булевар Илинден со булевар Свети Климент Охридски, на улица М.Х Јасмин со булевар Кирил и Методиј, семафорите кај ТЦ Три Бисери на булевар Јане Сандански и на крстосница  улица Никола Карев со улица Самоилова.

Извршена е и демонтажа на целосно оштетени латерни на семафорите на Мајчин дом, булевар Борис Трајковски, и на крстосница булевар АСНОМ со булевар АВНОЈ, на кои во текот на деновите што следат ќе бидат поставени нови латерни за целосна функционалност на светлосната сигнализација на ова подрачје.

 

Поврзани новости