613
Скопје изминативе денови се соочува со енормно загадување. Во Лисиче во 21 часот беа измерени 605 микрограми, односно 12 пати повеќе од дозволеното.
Последните мерења покажуваат дека Скопје е на трето место во светот по загадувањето на воздухот, веднаш по Дака во Бангладеш и Колката (поранешно Калкута) во Индија.
Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места во главниот град беа и 12 пати над дозволеното.
На четврто место е Лахоре, град во Пакистан, на 5 место е Шангај во Кина и на 6 место е Њу Делхи во Индија.