388
Во главниот град и вечерва степенот на загаденост на воздухот е на алармантно ниво. Најзагадена населба со највисоки концентрации на ПМ10 честичките е Карпош, каде се измерени 458, како и Ректорат со 417.
Во Лисиче концентрацијата на ПМ10 честички е 368, а во Гази Баба 360. Во Центар концентрацијата е 336.
Министерот за животна средина, Садула Дураку денеска порача дека овој проблем не може да се реши преку ноќ.
-Оваа Влада и Министерството за животна средина сакаат системски да ги решаваат проблемите. Проблемите не се решаваат преку ноќ и со волшебно стапче, вели Садула Дураку.