0
Скопје е меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir. Во текот на денов, главниот град постојано беше на врвот на листата според штетните честички во воздухот. Најалармантни се бројките на мерната станица во Лисиче.
Но со значително загаден воздух се и Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар.
Владата најави акциски план за намалување на загадувањето.
– Имаме акционен план за намалување на загадувањето на воздухот. Еден од проектите е гасификација на урбаните центри, иако неколку пати не успеал, треба да се изврши повторен обид бидејќи има заинтересирани компании кои би го спровеле ова преку јавно-приватно партнерство – изјави министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити.