Република Македонија не ги почитува договорите со Бугарија и покрај одобрението за почеток на преговорите во Скопје со Европската комисија, се наведува во извештајот на бугарската Државна агенција за национална безбедност за минатата година, јавуваат бугарските медиуми.
„И покрај одобрувањето во 2022 година на почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, не се оправдани очекувањата за одржливо и неповратно почитување на договорите со Бугарија од страна на Скопје, на кои се забележува значителна регресија, вклучително и за прашања поврзани со заштитата на правата на лицата со бугарска самосвест и говорот на омраза“, стои во извештајот.
Бугарското контраразузнавање известува и за зголемување на тензиите на Западен Балкан во текот на изминатата година. ДАНС предупредува дека зголемената конкуренција меѓу геостратешките фактори ги стимулира великодржавните и реваншистичките амбиции.
„Се инструментализираат етничките и верските специфичности за да се наруши државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Илегалната миграција, како и радикализацијата и ширењето на верскиот екстремизам, продолжуваат да имаат негативно влијание врз процесите во регионот“, наведуваат од бугарските служби, објави „БГНЕС“.