Скопје, Тетово, Куманово и Кавадарци се меѓу најзагадените градови во земјава.
Главниот град денеска ја потврди негативната репутација и се најде на листата меѓу првите 10 најзагадени градови во светот.
Мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево покажуваат дека едни од најзагадените градови во Македонија се и Струмица со измерени 389 mg/m3, Кочани со 301 mg/m3 и Гевгелија со 237 mg/m3.
По нив следуваат и скопско Лисиче со измерени 230 mg/m3, Кичево со 225 mg/m3 и Ректорат со 208 mg/m3
-Во оваа борба влегуваме со сет почетни мерки, вели градоначалниката на Скопје Данела Арсовска.
Петре Шилегов, претходникот на Арсовска, по четири години на градоначалничкото столче и можностите да влијае на мерките, денеска преку Фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град.
Доколку ПМ10 честичките два дена едноподруго го надминуваат прагот над 175 ПМ10 тогаш владата излегува со препораки.
-Да се ослободат од работа бремените жени, лицата над 60 години како и лицата со хронична астма
-Да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено
– Вршење чести контроли на филтрите
Според истражувањата греењето е една од причините за загаден воздух, бидејќи најголемиот дел граѓани се греат на дрва.
Од друга страна возилата се втора причина за загадениот воздух.