428
Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Прилеп се градовите во кои досега има најмногу заразени од опасниот корона вирус, се наведува во денешниот извештај на министерството за здравство.
Според податоците, во Скопје досега се заразиле 563, од кои активни се 128. Второто место на заболени од Ковид 19 го зазема Куманово, каде вкупната бројка на заболени изнесува 408, од кои само 44 се активни случаи, додека на трето место е Прилеп со вкупно 178 заразени и активни 58. Исто така, тука е и Тетово со заболени 117, од кои активни се 58 пациенти. И Велес ја надминува границата од 100 заразени од корона вирус, поточно 107 и активни 49.