528
Целиот Балкан е во шок по силниот земјотрес во Драч кој се случи рано утрово, а се почувствува и во Македонија.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов информираше дека ќе биде испратени екипа во Албанија за помош на граѓаните.
„Во договор со градоначалникот на Тирана, Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините. Правиме се’ што е можно за помош во овие трагични моменти“, истакна Шилегов.
На утрешната седница на Советот на Град Скопје, ќе побарам Советот да донесе одлука за доделување на помош на…
Publiée par Петре Шилегов sur Mardi 26 novembre 2019
Од Министерството за надворешни работи на Македонија информираа дека засега нема информации за повредени или загинати државјани на земјава во Албанија.