422
И утринава загадувањето на воздухот е над дозволеното. Граѓаните на Скопје повторно се гушат во канцерогените пм 10 честички, бидејќи мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост над нормалата.
Па така во Лисиче, каде што состојбата е најчесто алармантна, мерењето покажува 111 микрограми штетни честички, а 50 се дозволени. Кај Ректорат пак се измерени 109 микрограми штетни честички.