Скопје, главниот град на Македонија и Тирана, главниот град на Албанија, се двата града кои активно бараат нови начини да станат позелени, преку подобрување на квалитетот на воздухот и водата, почисто централно затоплување, поефикасни општински и приватни згради, пошумување или поттикнување на помало користење на приватните автомобили, соопштуваат од Европска банка за обнова и развој (ЕБОР).
Скопје и Тирана се во групата од над 20 градови кои побараа помош од ЕБОР Програмата „Зелени градови“, која има една милијарда евра за поддршка на урбаната одржливот.
– Нашата импресивна дигитална сторија ја покрива Програмата ЕБОР „Зелени градови“, но ги претставува и двата иновативни општински лидери кои ги прават соништата реалност за граѓаните кои што ги претставуваат, се наведува во соопштението од ЕБОР.
Оттаму велат дека подобрување на функционирањето на градовите сé повеќе се гледа како најдобриот начин за постигнување на амбициите од Парискиот договор за климатски промени од 2015 година: одржување на растот на температурите предизвикани од емисијата на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина под 2°C, и онаму каде што е изводливи и под 1,5°C.