Скопјанката Менче пресреќна за донацијата: Брозовиќ ми го подобри животот!

by Fokus

Откако во текот на вчерашниот ден, младата скопјанка Стаменка Трповска Менче апелираше за финансиска помош за нејзина операција на ногата преку социјалните мрежи, се „јави“ ѕвездата на Интер, Марсело Брозовиќ.

Тој ги донираше потребните 3.000 евра за операција на Трповска, што наиде на голем поздрав од целиот Балкан.

Таа за „Фокус“ не ја криеше радоста што и се случи и се заблагодари на играчот на „нероаѕурите“.

 

„Возбудена сум многу и пресреќна. Иако јас не следам фудбал и не сум слушнала за него, многу сум благодарна за неговиот придонес. Во секој случај, по реакциите на моите блиски, сфатив дека е популарен и добар играч, а сега покажа дека е добар и хуман човек. Би му кажала дека ми го подобри животот со еден негов потег“, ни изјави Трповска.

Како што истакна таа, ќе почека да се смири воспалението на нејзиниот лев колк, па потоа ќе се размислува и за одење во Србија каде треба да биде извршена операцијата.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости