833
Триесет и двегодишната Д.И. од Скопје во неколку наврати украла разновидни книги од фирмата во која била вработена, информираа од МВР.
Според полицијата, против неа е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.
„Во периодот од септември до ноември 2019 година, пријавената, вработена во фирма од Скопје, во повеќе наврати од фирмата изнела и присвоила за себе поголема количина разновидни книги“, – информираат од МВР.
Таа се здобила со противправна имотна корист во износ од околу 6 илјади евра.