Семејството и полицијата трагаат по 60-годишната Виолета Крстевска Јаневска од Скопје, на која и се губи траг од вторникот попладне во Драчево. Жената која е вработена во Факултетот за безбедност никогаш во минатото не се случило да исчезне без да го извести семејството каде се наоѓа.
Нејзината ќерка Анѓела за ,,Фокус” вознемирено го раскажува редоследот на настаните пред мајка и да исчезне, апелирајќи до јавноста, доколку некој има информација, веднаш да се јави во полиција, со цел мајка и да биде пронајдена.
-Не знаеме што можело да се случи, сите сме вознемирени. Мајка ми ми кажа дека ќе оди во оптика за да си ги земе наочарите. Оптиката е на десеттина минути од факултетот каде таа работи. Кога по еден час и се јавив за да ја прашам каде е, не ми одговори. Два часа не одговараше на телефон, а потоа телефонот и се исклучи. За нас тоа беше доволно да се загрижиме, отидов во оптиката, од каде ми кажаа дека си ги зела наочарите и заминала, и од тогаш не знаеме каде е- раскажува девојката.
Појаснува дека мајка и со себе носела околу 2.000 до 3.000 денари, не носела пасош, имала златни обетки и два златни прстени на раката. Била облечена во тренерки во тегет боја, дуксер во тегет боја, под него маица во плава боја, црно палто, црни чевли, и не знае дали со себе носела торба за пазарење, која доколку ја носи, би можела да биде во бела или крем боја.
-Има црвена кратка коса, висока е околу 166 см, тешка е околу 52 килограми. По два часа од исчезнувањето последен пат бил фатен сигналот од нејзиниот мобилен, и тоа околу областа Јурумлери или Долно Лисиче. Сега телефонот и е исклучен, ние сме премногу загрижени. Станува збор за сериозна жена, никогаш не се случило нешто вакво и сите сме вознемирени – вели таа.
Секој кој има информација за Виолета, може да се јави во полиција или пак кај нејзината ќерка на телефонскиот број 071 370 185.