679
52-годишна жена од Скопје била силувана во нејзиниот дом, а силувачот бил 16 години постар човек со кого жртвата подолг период се познавала, соопшти полицијата.
„На 17.06.2022 во 13.30 часот во СВР Скопје, 68 – годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот 12.05/13.05.2022 во нејзиниот дом О.Н.(52) од Скопје, со кого се познавала подолг период, извршил обљуба врз неа“, се вели во соопштението од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.