Скопјанка се скарала со родителите и избегала од дома

by Fokus

Вчера попладне, жителка на Скопје пријавила дека по семејна расправија од домот избегала нивната малолетна ќерка, информираат од МВР.

„На 19.10.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, додаваат од МВР.

Поврзани новости