Скопјанка починала на паркингот пред поликлиника „Јане Сандански“

by fokus

Четириесет и осумгодишна скопјанка починала вчера на паркингот меѓу поликлиниката „Јане Сандански“ и црквата „Св. Илија“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 48-годишната Ф.Ц. починала во патничко возило „Хјундаи туксон“. Жената била донесена од нејзиниот сопруг Е.Ц.

Од лекар на Итната медицинска помош е констатирана смрт, а телото на починатата е предадено на обдукција.

Случајот е пријавен во полиција во 13:10 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости