435
Седумдесетидвегодишна жена починала во текот на вчерашниот ден, откако била прегазена од камион, пренесува МВР.
„На 05.03.2019 година во 09.45 часот во село Петровец, скопско, товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(42) од село Катланово, скопско, удрило во пешакот Р.К.(72) од село Петровец. Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесенa во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Околу 12.30 часот таа им подлегнала на повредите. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.