Полицијата примила пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје девојка која гласала со пенкало, на кое имало камера, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата.
Покрај овој инцидент, Министерството за внатрешни работи ја привела 28-годишната С.Ч. бидејќи во околината на основното училиште „Песталоци“ во Скопје попречувала и фотографирала граѓани кои оделе на гласање.
По добиена пријава дека на гласачкото место 2664 во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје во 13:05 часот едно непознато лице фотографирало ливче на друго лице, по што го напуштило гласачкото место, пак, преземени се мерки и активности и во Полициската станица Кисела Вода се повикани лицата И.Т.(28) и Ѓ.Г.(36), двајцата од Скопје.