896
Скопјанка вчера пријавила дека пред еден месец имало обид да се изврши обљуба врз нејзиниот син.
„На 29.11.2019 49-годишна жена од Скопје пријави дека на 30.10.2019 околу 19:00 часот двајца малолетници физички нападнале и се обиделе да извршат обљуба врз нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР.