55
МВР информира дека вчера во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена марихуана, која се обидела да ја внесе во Казнено – поправна установа Затвор Идризово при посета на својот сопруг – осуденик во установата.
Таа била предадена во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.