Скопјани возат пијани, полицијата не простува

by Fokus

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол во која констатирани и законски санкционирани биле 21 возачи.

За време на контролата, како што соопшти МВР, биле санкционирани и 20 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови најавува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.

 

Поврзани новости