566
Во текот на вчерашната вечер (01.01.2022/02.01.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 89 возачи.
Од нив 20 на територија на СВР Скопје, 15 на територија на СВР Струмица, 12 на територија на СВР Тетово. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.