Скопјани се степале во Охрид, едниот со тешки повреди

by Fokus

Попладнево околу 17.30 часот во Охрид дошло до физичка пресметка на двајца скопјани од кои едниот со тешки повреди завршил во болница. Инцидентот се случил во куќа на улица „Кузман Капидан”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Во пресметката бил употребен остар предмет, од кој едно од лицата се здобило со тешки повреди.

-Напаѓàчот кој употребил остар предмет е приведен, а повредениот во сериозна здравствена состојба е пренесен во Општата болница во Охрид, рече Димовски.

Истражните органи преземаат мерки за расветлување на немилиот настан.

Поврзани новости