Скопјани се степале поради паркинг место

by Fokus

Маж бил физички нападнат од страна на две лица во Скопје поради паркинг.

Според пријавеното, вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“, по претходна расправија околу паркинг место, М.К. бил физички нападнат од К.Ј.(56) и К.И.(32) од Скопје.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

Tweet

Добивајте вести на Viber

Црна Хроника

22.12.2019 – 16:03

Поврзани новости