Скопјани на 112 пријавиле оштетени фасади, откорнати олуци и лимен покрив

by Fokus

Откорнати олуци, откорнати лимени покриви и оштетени фасади пријавиле жителите на Скопје на линијата за итни повици – 112, по синоќешните врнежи што го зафатија скопскиот регион.

Како што информира денеска Центарот за управување со крзи (ЦУК), граѓаните во 12:10 часот пријавиле откорнати олуци од покрив на куќа на кеј „13 Ноември“ во Маџир Маало.

Во 15:10 часот била пријавена оштетена фасада на куќа на улица „Мајаковски“ бр. 41 во Дебар Маало, општина Центар.

-Во 18.40 часот од невремето на 20 август 2022 година бил откорнат лимен покрив од нивната зграда, која е на 11 ката и воедно покривот виси, со што ги доведува жителите во опасност, соопшти ЦУК.

Поврзани новости