Скопјани ќе имаат парно и нема да има ценовни шокови, уверува Бислимоски

by Fokus

Првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски изјави дека скопјани ќе имаат парно без никаков проблем. Тој апелира да не се шири фама дека Скопје би останал без топлинска енергија, со монтирањето на новиот топловод под мостот „Беласица“.

„Поентата на сето тоа е што повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целиот систем. ТЕ-ТО е важен оти ни дава топлинска енергија којашто е за два и пол, три пати пониска од цената на топланите во градот Скопје“, рече Бислимоски.

Тој смирува дека нема да има ценовни шокови.

„Нема да дозволиме ценовни шокови“, дециден е Бислимоски.

За цената рече дека ќе ја утврдат кога ќе добијат цврсто уверување околу поставувањето на новите цевки под мостот „Беласица“.

 

Поврзани новости