261
Полицијата информира дека вчера во 11.20 часот во СВР Велес, било пријавено дека М.Б.(84) од Скопје предизвикал општа опасност во село Оморани, општина Чашка, при што во дворното место од неговата куќа била опожарена сува трева.
М.Б. од пожарот се здобил со изгореници констатирани во Општа Болница – Велес. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.