659
Дваесет и осумгодишен скопјанец синоќа почина откако со мотор удрил во ограда на ул.„Елисие Поповски – Марко“, информираа од МВР.
Според полицијата, во несреќата тешко е повредена и сопатничката Г.С. (27) од Скопје. По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал.
Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.