Скопјанец загина кај Оровничка плажа

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, жител од Скопје загина кај Оровничката плажа, откако бил прегазен од камион од 33-годишен жител на село Оровник.

„На 12.08.2021 во 18.45 часот кај Оровничка плажа на регионалниот пат Охрид – Струга, товарно возило „ман“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од с.Оровник, општина Дебарца, удрило во пешакот Б.С.(58) од Скопје, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал од лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости