415
Жител на Скопје доби кривична пријава поради тоа што во два наврати ја тепал својата сопруга.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда во вршење на семејно насилство“ и „загрозување на сигурноста во вршење на семејно насилство“. На 24.09.2019 и 02.10.2019, во два наврати, во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга Д.С. и и упатил закани по животот“, информираат од МВР.