497
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Според информациите на МВР, во периодот од 17.03. до 21.03.2023, пријавениот, преку мобилна апликација, во повеќе наврати уценувал жена од Скопје дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде пари.