Скопјанец удрил во полицајка која го сопирала

by fokus

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода И.К.(54) од Скопје поради тоа што околу 12:00 часот со своето возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, на булевар „Партизански одреди“ не застанал на знак за запирање од полициска службеничка и со возилото ја удрил.

Потоа, И.К. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости