Скопјанец уапсен во кумановско, превезувал мигранти

by Fokus

Полицијата вчера попладне во комановско уапсила Скопјанец кој вршел превоз на мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 13.50 часот на влезот од с.Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Б.З.(26) од Скопје. Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, врши превоз на шест лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека  мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце, а Б.З. е задржан во полициска станица.

„По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Поврзани новости