1.2K
Сабри Демир со потекло од Македонија е назначен за главен советник на турскиот претседател Ердоган, пренесува агенцијата „Анадолија“ (АА).
Според одлуките објавени на Службениот весник со потпис на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Сабри Демир, кој е роден во Скопје, е назначен за главен советник на турскиот претседател.
Сабри Демир e роден во Скопје во 1972 година каде што завршил основно и средно училиште, а студирал во Босна и Херцеговина, но морал да ја напушти поради војната и да ги заврши студиите во Дамаск.
Тој најпрво бил назначен за советник за медиуми и односи со јавноста на премиерот во 2009 година, а потоа за советник на Реџеп Таип Ердоган задолжен за Балканот.