558
Вчера попладне, скопјанец кој се барал по потерница со пиштол се заканил кон полициски службеници, но подоцна бил уапсен.
„На 02.03.2020 во 12.30 часот на бул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Е.Ш.(31) од с.Шишево, скопско, кој се барал по потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за сторени кривични дела по член 123 и член 396 од Кривичниот законик. Е.К. бил забележан на булеварот и кога му бил даден знак за застанување тој извадил пиштол и го вперил во полициските службеници, по што тие испукале два предупредувачки истрели во воздух и набргу потоа тој бил фатен и приведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка“, велат од МВР.