Скопјанец со дрво ја претепал мајка си

by Fokus

Скопјанец со дрво ја претепал мајка си. Жената со тешки повреди била пренесена во болница, информираат од МВР.

Според информациите од полицијата, вчера околу 10 часот во Скопје на ул.„Мелничка“, Р.С.(67) била физички нападната од нејзиниот син О.С.(41), кој со дрво ја удирал во пределот на телото и ја бркал од дома. Жената успеала да избега и побарала лекарска помош во Св.„Наум Охридски“, каде ѝ се констатирани телесни повреди, по што настанот го пријавила во Полициска станица Чаир.

Повредената рекла дека и пред околу еден месец пријавила семејно насилство.

Поврзани новости