Скопјанец си ја убил бабата

by fokus

Скопјанец на возраст од 28 години е осомничен дека ја убил неговата седумдесет и петгодишна баба.

-Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој се сомничи дека во периодот од 5 до 11 ноември 2021 извршил кривично дело убиство врз неговата баба В.Б.(75) во нејзиниот стан на ул.„Никола Малешевски“, соопшти МВР.

Судија на претходна постапка на скопјанецот му одредил притвор.

Поврзани новости