Скопјанец се нафрлил на полицаец на граница

by Fokus

Во текот на вчерашната вечер, скопјанец бил приведен затоа што нападнал полициски службеник на ГП „Табановце“, велат од МВР.

„На 11.05.2022 во 19.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(49) од с.Радишани, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Поврзани новости