589
Во текот на вчерашниот ден, скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„На 15.08.2022 околу 11.45 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Аеродром е пронајден починат Б.А.(64).
Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, велат од МВР.