564
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле Б.К.(35) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како што посочуваат од МВР, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и апарати за лабораторија за производство на марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.